Путин: Либералните вредности се надминати
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека либералните вредности се надминати, бидејќи ги отфрла мнозинството во западните земји.
Путин во интервју за Фајненшл тајмс рече дека германската канцеларка Ангела Меркел направила кардинална грешка со тоа што ја усвои либералната политика кон мигрантите од Блискиот исток.
– Либералната идеја поаѓа од тоа дека ништо не треба да се направи. Мигрантите можат неказнето да убиваат, силуваат, крадат, само затоа што нивните права мора да ги заштитат. Какви се тоа права? Секое злосторство мора да биде казнето, рече Путин.
Тој додаде дека таквите либерални идеи веќе се надминати, бидејќи доаѓаат во конфликт со интересите на голем дел од популацијата.
Рускиот лидер додаде дека Русија не е хомофобична, но дека подготвеноста на Западот да ја прифати хомосексуалноста и незадолжителниот однос кон родовата проблематика е претерана.
– Традиционалните вредности се постабилни и поважни за милиони луѓе од овие либерални идеи, кои, според мене, всушност престануваат да постојат, додаде Путин.
Тој исто така рече дека има впечаток дека либералните кругови сакаат да ги искористат проблемите низ кои минува католичката црква за да ја уништат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца