Путин: Ќе бидеме принудени да реагираме поради антиракетниот штит на НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека системот за противракетна одбрана на НАТО во Романија негативно се одразува на односите меѓу Москва и Западот.
Путин, по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина, наведе дека Русија од почетокот на векот повторува дека ќе биде принудена да реагира. Но, тој прецизира дека Русија нема ништо да преземе по повод лоцирањето на ПРО во Европа се додека не виде ракети на соседните територии.
- Никој не не слуша. Никој со нас не преговара. Освен вообичаените фрази, ништо не слушаме. А вообичаените фрази се сведуваат дека тоа не е насочено кон Русија, дека не е закана кон безбедноста на Русија. Ќе потсетам дека првобитно ПРО беше потребена да се пресретне опасноста од Иран односно од иранската нуклеарна програма. Каде е сега иранската нуклеарна програма, истакна Путин.
Тој осврнувајќи се на односите со Турција посочи дека Русија сака да ги обнови односите со Анката и покрај инцидентот со рускиот бомбардер Су-24. Тој наведе дека Русија е во контакт со Турција со посредство на разни канали, но Москва чека конкретни чекори од Анкара, кои засега ги нема.
Рускиот претседател за западните санкции потенцира дека кога Западот ќе созрее и ќе ги укине ограничувањата, Москва ќе направи идентичен чекор.
Тој истакна и дека Курдите во Сирија не се проблем за Русија.
- Русија, САД, Европа, како и низа земји меѓу кои и Турција, мора да ги надминат несогласувањата поради победата над тероризмот, истакна Путин.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите