Путин ја одобри дигиталната рубља

Рускиот претседател Владимир Путин даде одобрение за издавање крипто-валута што ќе се вика КриптоРубља. Тоа е договорено на состанокот со министерот за комуникации Николај Никифоров.
Дигиталната валута ќе биде под контрола на Владата и нема да биде дозволено „рударење“.
- Покренуваме криптовалута од едноставна причина – ако ние тоа не го направиме, ќе го направат нашите соседи од Евроазиската економска заедница за два месеца, изјави министерот за комуникации Николај Никифоров.
Сите финансиски операции со таа валута ќе бидат одданочени. Данокот ќе се применува на која било добивка која ќе ја оствари сопственикот на криптовалутата преку разликата меѓу куповната и продажната цена.
- Кога купувате или продавате КриптоРубља ќе ви биде наплатен данок од 13 отсто. Ако сопственикот, од некоја причина не може да го објасни потеклото на криптовалутата, а сака да ја претвори во рубљи, ќе му бидат одземени 13 отсто од вкупната сум, изјави министерот.
Националната дигитална валута ќе биде префрлена на меѓународниот пазар, бидејќи, како што истакна рускиот министер, бидејќи бесполезно е да циркулира само во земјата.
По информацијата за воведување криптовалута, и рускиот премиер Дмитриј Медведев потенцираше дека Русија има „доволно потенцијал за да гарантира дигитален суверенитет, дополнувајќи дека тоа не значи дека земјата планира да се самоизолира.
Ново на Сител
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
