-->
-->
Путин го прогласи 28 март за Ден на жалост поради настраданите во пожарот во Кемерово
-->
Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша декрет со кој го прогласи 28 март за Ден на жалост за настраданите 64 лица во пожарот кој изби завчера во трговскиот центар во градот Кемерово, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Претседателот на Русија им изрази сочувство на семејствата и пријателите на жртвите и нареди во текот на Денот на жалоста, знамињата да бидат спуштени на половина копје ширум државата, а културните институции и радио станиците да ја откажат забавната програма.
Во пожарот, кој изби во трговскиот центар Кемерово во недела на четврти кат, на кој се наоѓа кино и детски забавен центар, настрадаа 64 лица, меѓу кои и 31 дете.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
