Путин ги повика земјите да го уништат хемиското оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика сите земји да го следат примерот на Русија и да ги уништат своите залихи на хемиско оружје.
- Ги повикуваме земјите кои имаат хемиско оружје да го следат нашиот пример и направат напори наскоро да ги отстранат своите преостанати залихи, а земјите кои се надвор од меѓународната и правна рамка на конвенцијата веднаш да им се придружат, рече Путин.
Рускиот претседател ги поздрави делегатите на 22. заседание на Конференцијата на држави учеснички на Организацијата за забрана на хемиско оружје, преку соопштение објавено денеска на страницата на Кремљ.
Путин рече дека последната серија на руското хемиско оружје е уништена на 27 септември, нарекувајќи го тоа „важен чекор кон поодговорен и постабилен свет“.
- Сигурен сум дека со покажување силна политичка волја ќе ја постигнеме нашата заедничка цел за создавање свет без хемиско оружје, истакна Путин.
Инаку, 22. заседание на Конференцијата на држави учеснички на Организацијата за забрана на хемиско оружје почна денеска во Хаг и ќе трае до 1 декември.
Ново на Сител
-

ФЗОМ ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
-

Изгореното тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка – неофицијално, момчето ја убило, па се обесило
-

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио
-

21-годишник пронајден мртов покрај изгорен автомобил во Богданци, во возилото откриено уште едно тело
-

До недела стабилно време, за викендот утринската температура под нулата
-

Поради „ретрограден Меркур“, министерката за образование во БиХ ги одложува активностите, советува и другите да го сторат истото
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
