Путин ги повика избирачите да ја одредат иднината на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните, вклучително и гласачите во анектираните делови на Украина, да се обединат во одредувањето на иднината на Русија со гласање на претседателските избори оваа недела, на кои, според анкетите, тој повторно ќе победи.
„Само вие, граѓаните на Русија, можете да одлучувате за иднината на татковината. Би сакал да нагласам дека единствениот извор на моќ во нашата земја се луѓето.
Ова е клучна законска одредба на рускиот устав“, рече Путин во видео обраќање. Тој ја истакна сплотеноста и одлучноста на народот во заедничкиот стремеж да се оди напред.
„Секој глас што ќе го дадете е ценет и значаен“, им порача Путин на граѓаните и ги повика да го искористат своето право на глас во следните три дена.
Путин (71), кој е на власт како претседател или премиер од 2000 година, се соочува со тројца противкандидати во три дена од гласањето, почнувајќи од петок.
Ниту еден од противкандидатите не го критикуваше и сите тројца ја поддржуваат „специјалната воена операција“ во Украина.
Анкетите покажуваат дека Путин е поддржан од мнозинството Руси, а едно истражување минатиот месец покажа дека таа поддршка е 75 отсто.
Во своето видео обраќање тој рече дека сите гласачи сакаат да видат силна, просперитетна и слободна Русија „за да се подигне животниот стандард и квалитетот на животот“. „Така ќе биде“, порача Путин.
Советот на Руската Федерација или Горниот дом на Парламентот официјално го одреди 17 март за ден на претседателските избори.
Централната изборна комисија објави дека гласањето ќе трае три дена од 15 до 17 март. За највисоката функција ќе се борат четворица кандидати.
Заедно со Путин, како кандидати се наведени и Владислав Даванков, заменик-претседател на руската Дума и член на клубот Нови луѓе; Леонид Слуцки, лидер на ултранационалистичката Либерално-демократска партија (ЛДПР), лојална на Кремљ; и Николај Харитонов, кандидат на Комунистичката партија.
Ново на Сител
-

Сончево и топло, од утре до крајот на неделата дожд
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
