Путин до Асад: Русија ќе продолжи да ја поддржува сириската Влада
Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе на својот сириски колега Башар ал Асад 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји.
– Москва ќе продолжи да му помага на Дамаск во заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, истакна Путин.
Тој нагласи дека Русија и Сирија денес се сојузници во борба против меѓународниот тероризам и екстремизам, изразувајќи верување дека со заеднички напори ќе ги поразат терористичките сили на сириска територија.
– Сакам да потврдам дека Русија ќе продолжи да ги поддржува сириската Влада и народ во нивните настојувања да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, да гарантираат безбедност и повоено обновување, потенцира рускиот претседател.
Путин додаде дека унапредувањето на руско-сириските врски е заеднички интерес и тој ќе помогне за обезбедување регионален и глобален мир и стабилност.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Со Законот за работни односи не може да се регулира пензионирање на судии и јавни обвинители
-
Арачиново: По семејна расправија пукал во „мерцедес“ во кој биле неговите роднини
-
Лавров: Колку повеќе оружје Западот и испраќа на Украина, толку подолго конфликтот ќе трае
-
На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор
-
Во нереди во затвор во колумбискиот град Тулуа загинале 49 затвореници
-
168 нови случаи на Ковид-19 во земјава, нема пријавени починати лица
-
Евроамбасадорот Гир: ЕУ останува со Северна Македонија
-
Приведено лице барано со централна потерница, осудено на 5 години и 10 месеци затвор