Пусиќ: Ниту еден ѕид не може да ги запре имигрантите
Шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ истакна денеска дека Загреб нема намера да ја затвора границата кон Србија и ја критикува ЕУ во врска со бегалската криза, со оценка дека ѕидот, што Унгарија го гради на границата кон Хрватска, е лоша идеја.
Таа во интервју за виенскиот весник „Пресе“ рече дека не постојат планови за затворање на границата кон Србија.
- Ние затворивме одделни премини за да ја забавиме навалицата, бидејќи не можевме да обезбедиме ниту основно снабдување, појасни Пусиќ и додаде дека ЕУ требала да се занимава и со прашањето за ѕидовите и пред Унгарија воопшто да почне да гради ограда на границата кон Хрватска.
- Тоа беше многу лоша идеја, во прва линија за Унгарија, истакна таа.
- Тоа не е начин како ЕУ би требало да му приоѓа на проблемот. Вистински начин, би било пред се, да се седне со Турција, Јордан и Либан, кои прифатија четири до пет милиони бегалци, и да им се помогне финансиски, бидејќи бегалците доаѓаат преку тие земји, појасни таа.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР