-->
-->
Пуштени во продажба картите за натпреварот Работнички - Будуќност
-->
Влезниците за натпреварот Работнички и Будуќност, во квалификациите за Лига Европа од денеска се пуштени во продажба.
Влезниците за овој натпревар денеска ќе може да се купат само онлајн преку МК Тикетс, а од утре и на билетарницата на стадионот „Филип Втори“.
Во продажба ќе бидат пуштени само за јужната трибина, а тие ќе се продаваат по цена од 150 денари.
УЕФА ги одреди службените лица за натпреварот, а правдата ќе ја дели чешкиот судија Збинек Проске. Нему ќе му помагаат сонародници, Радек Котик, Роберт Хајек и Павел Јулинек (четврти судија), дедека контролор на натпреварот ќе биде Џерард Пери од Република Ирска.
Натпреварот помеѓу Работнички и Будуќност се игра во вторник (28 јуни) со почеток од 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори