Пуштени еко-детски паркови во Јанковец и Штрбово

Во преспанските села Јанковец и Штрбово денеска беа пуштени во употреба два детски еко-паркови, реализирани преку проектот за заштита на Преспанското Езеро, што го спроведуваат општина Ресен и УНДП.
Детските еко-паркови ги пуштија во употреба градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски и постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон.
Идејата за реализација на овие проекти, како што информира градоначалникот Стрезовски, била посочена од жителите преку отворен повик.
- Целта на програмата на малите грантови не е само да се постигнат видливи еколошки резултати, туку да се поттикне уште поголема вклученост на локалното население во заштитата на уникатните природни вредности на Преспа, изјави Стрезовски.
Во рамки на оваа програма, потсети дека се доставени потребните материјали и опрема за надградба на системите за наводнување во селата Крани и Курбиново, како и за обновување на водоводната мрежа во село Наколец.
- Дополнително, во тек е рехабилитацијата и проширување на уште неколку системи за водоснабдување и одведување на фекални и атмосферски води во неколку приоритетни делови на градот Ресен и други села од општината, рече Стрезовски.
Постојаниот претставник на УНДП изрази задоволство за повеќегодишната соработка со Општина Ресен и што финансиската поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, дава резултати над првичните очекувања.
- Серијата на инвестиции насочени кон намалување на влијанијата врз екосистемите од отпадните води и цврстиот отпад, земјоделското производство и индустријата, го запреа повеќедеценискиот тренд на деградација на езерото. Тоа не само што го подобрува квалитетот на животната средина во целина, туку создава бројни можности за развој на регионот, изјави Винтон.
Вкупната вредност на грант програмата за малите инфраструктурни проекти е над 200.000 долари, а нејзината целосна реализација се очекува да заврши до крајот на првиот квартал од 2016 година. Со вкупна вредност од повеќе од 6 милиони швајцарски франци, Проектот за заштита на Преспанското Езеро се реализира од 2012 година, а слични вакви инвестиции ќе продолжат и во текот на наредните две години.
Ново на Сител
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
-

Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
