Балкан
13. March 2017 - 10:20

Пукање во Приштина, ранет некогашниот близок соработник на Тито

Косовскиот адвокат и некогашен близок соработник на Јосип Броз Тито, Азем Власи утрово е ранет со истрели од огнено оружје во близина на неговиот дом во Приштина, јавија косовските медиуми. 

Радиотелевизија Косово (РТК) пренесува дека Власи е ранет во раката и дека е надвор од животна опасност. 

Косовската полиција потврди дека е пукано во Власи и дека инцидентот се случил утрово околу осум часот. 

Мотивите за нападот се уште не се познати.