Балкан
10. јуни 2018 - 13:06

Пукање во Мостар: Се враќал од свадба, го нашле ранет пред кафеана

Жанел П. (32) утрово во пет часот е пронајден ранет во мостарската населба Балиновац, пред еден угостителски објект.

Ранетиот Жанел покрај неговиот автомобил го забележале случајни минувачи кои за тоа ја известиле полицијата.

Како што потврди портпаролот на МВР на Херцеговачкио- неретванскиот кантон Људевит Мариќ, нему му биле нанесени повреди со огнено оружје.

Тој се наоѓа во болница и е вон животна опасност.

Наводно, Жанел П. се враќал од сватовска веселба.