Пукање во центарот на Тетово, нема повредени

Нема повредени во оружениот инцидент што синоќа нешто по 21 часот се случи на булеварот „Маршал Тито“ во центарот на Тетово, информираа од теовската полиција.
Пукањето со огнено оружје било пријавено во полиција околу 21 часот и 10 минути од страна на граѓанин. Полицијата по добиени сознанија дека учествувале во престрелката привела три лица – Д.М.(43) од Лавце и Б.Д.(43) од Тетово, како и Џ.Р.(28) од Шипковица, а се трага по уште десеттина лица.
Уште синоќа на место на инцидентот излегоа полициски екипи. Тие со полициски ленти блокираа дел од булеварот од спротивната страна каде имаше оставено возило, како и дел од тротоарот пред ресторанот Делфин за крим техничка обработка.
Првичните информации од истрагата велат дека најпрвин започнала расправија помеѓу Д.М.(43) од Лавце и Б.Д.(43) од Тетово од една страна со Н.М.(34) Тетово од друга страна во едно казино по што тие излегле на булеварот каде започнале и престрелка со огнено оружје, пиштоли и калашникови. Од куршумите биле оштетени три угостителски и продажни објекти, една балконска врата од стан и едно возило. Според очевици на настанот, дел од куршумите завршиле и во стаклото од излогот на ресторантот Делфи, но за среќа никој не бил повреден иако меѓу гостите настанала паника по што најголем дел од нив избегале од задниот влез.
Увид покрај екипи на полицијата извршил и јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот. Според досегашните неофицијални информации на самото место биле пронајдени повеќе чаури за пиштол и калашников калибар 9 и 7,62 милиметри, две возила и други траги што биле подигнати за вештачење.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
