-->
-->
Пукање на Пластичарска улица, со прострелна рана заврши сопственик на дуќан
-->

Сопственик на дуќан од Пластичарската улица во Скопје со повреда од огнено оруже е пренесен во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“, доцна синоќа, објави Алсат-М.
Инцидентот се случил во неговиот дуќан на Пластичарската улица во Скопје по 21:30 часот.
Неколку непознати машки лица влегле во продавницата и ги нападнале двајцата синови на сопственикот. Кога таткото дошол да види што се случува, еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.
Тогаш напаѓачите го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.
Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
