Свет
28. September 2016 - 21:16

Пучдемон: Во септември идната година ќе има референдум за независност на Каталонија

Премиерот на Каталонија, Карлес Пучдемон изјави дека во септември идната година ќе биде спорведен референдум за независност на североисточната шпанска автономна област со согласност или без на централната власт.

- Ќе се обидеме да добиеме согласност од Мадрид. Во случај на позитивен одговор ќе бидам подготвен да распишам референдум во втората половина на септември следната година, истакна Пучдемон.

Тој стапи на должност на почетокот од годината со јасна програма - да создаде неопходни услови за независност Каталонија до следната година.

- До крајот на јуни Парламентот ќе ги одобри неопходните закони, за да може Каталонија да функционира како независна држава и ќе ги повика граѓаните да го дадат својот глас за независност, посочи Пучдемон.