Публиката се жали дека фустаните на Вимблдон премногу откриваат

Непишано правило на Вимблдон, кога станува збор за облекување, е дека тенисерите да се облекуваат во бела облека. Но ова правило често им задава главоболка на дизајнерите на спортска опрема кои се обидуваат да додадат малку боја, а да не ја налутат пребирливата „модна полиција“.
Оваа година Најк предизвика многу вниамние и коментари за она што им го понуди на спортистките.
Новата линија на спортска облека за тенисерки наречена „NikeCourt Premier Slam“ е предмет на расправа со оглед на тоа што потсетува на кратка, проѕирна ноќница и според многумина, нешто што би требало да се носи само зад затворени врати.
Облеката открива премногу, особено во текот на ветровити денови, па Најк испрати мејл во Си-Ен-Ен во кој појасни дека фустаните сепак теба малку да се поправат.
- Производите не се повлечени, а измените често ги правиме веднаш по желба на нашите клиенти. Се обидуваме да направиме на теренот да се чувствуваат добро и удобно и да го дадат свој максимум, рече портпаролот на Најк.
Канаѓанката Ежени Бушар рече дека убав е фустанот, бидејќи и краток, а токму такви ги сака, додека некои тенисерки биле принудени во почетокот на турнирот сами да направат промени на фустаните, па некои од нив ги врзувале краевите на фустаните во чворови.
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430
-

Одбележување на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
