ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
Килијан Мбапе летово го напушти ПСЖ и како слободен играч премина во Реал Мадрид, но 55 милиони евра што клубот од Париз му ги должи според договорот станаа проблем, кој се решава на суд.
Имено, ПСЖ оспорува дека е должен на Мбапе да му ја исплати споменатата сума, која е потврдена во судска и во жалбена постапка, на име плати, премии и други клаузули. Комитетот за жалби во Лига 1 му нареди на ПСЖ да го плати долгот во рок од осум дена, но тие одбиваат да го сторат тоа.
Тие истакнуваат дека во изменетиот договор во 2023 година „играчот се откажал од сите свои определби при напуштањето на клубот“. Во Пари Сен Жермен истакнаа дека биле принудени целиот случај да го префрлат на надлежните судови, иако агитираат играчот да најде некое „пријателско решение“.
Надлежните во Лига 1 донесоа одлука во корист на играчот, останува да видиме што ќе се случи доколку таа одлука не се испочитува.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
