-->
-->
П.С.Ж. ја спаси честа на гостите
-->

Во фудбалското првнетсво на Франција синоќа се одиграа пет натпревари, во кои три победи остварија домашните екипи, еден дуел заврши нерешено, а честа на гостите вчера ја спаси шампионот Париз Сен Жермен.
Фудбалерите на П.С.Ж. беа единствените кои остварија гостинска победа и тоа кај Лориен со 2-1. Головите за популарните „Светци’’ги постигнаа, Хервин Онгенда (26-минута) и Блаисе Матуди (33), додека погодокот за Лориен беше дело на Бенџамин Муканџо (82).
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Гингамп – Тулуз 2-0, Монако – Нант 1-0, Монпеље – Ремс 3-1 и Tроа – Лил 1-1.
Денеска на програмата се четири средби, а двојките се:
Кан – Енгерс, Бастија – Ајачо, Рен – Бордо и Сент Етијен - Олимпик Марсеј.
Табела:
1. Париз Сен Жермен 38 бодови
2. Олимпик Лион 25
3. Ница 24
4. Кан 24
5. Монако 23
6. Енгерс 22
7. Сент Етијен 22
8. Лориен 20
9. Рен 20 ...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
