Свет
6. November 2022 - 17:16

Првпат темата за „климатски репарации“ ставена на агендата на COP27

Делегатите на климатската конференција на ОН COP27 во Египет се согласија да разговараат за тоа дали богатите земји треба да ги компензираат сиромашните земји кои се најранливи на климатските промени, а со оглед на тоа дека најголемиот дел од стакленичките гасови ги произведуваат индустриски поразвиените земји.

– Ова создава, по првпат, институционално стабилен простор на официјалната агенда на COP и Парискиот договор за да се разговара за итното прашање за механизмите за финансирање потребни за решавање на постоечките празнини во одговорите на загубите и штетите, истакна претседавачот со COP27, Самех Шукри на отворањето на пленарната сесија.