Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ
– Првпат кандидат од МВР на Република Северна Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.
Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија на 90.Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на промоцијата на претенденти за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.

Како што објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, првпат со свој кандидат учествуваше Националното централно биро при МВР, со началничката Бранислава Стојчевски.
Покрај нашата земја, во конкуренција за позицијата беа кандидати од Андора, Белгија, Руската Федерација и Република Турција, а за потпретседател за Европа во Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ беше избран белгискиот кандидат, Петер Де Бушер.
Ново на Сител
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
