-->
-->
Првото злато во Сент Мориц за Шмидхофер
-->

Австријката Никол Шмидхофер е победничка на денешната трка во супервелеслалом со која беше отворено Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Сент Мориц, Швајцарија.
Шмидхофер до златниот медал дојде со време 1:21.31 минути. Второто место и сребрениот медал отиде кај Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која зад победничката доцнеше за 0.33 секунди. На победничкиот подиум се искачи и третопласираната Лара Гут (Швајцарија) која патеката ја мина со време 1:21.70 што е за 0.36 секунди побавно од Шмидхофер, односно 0.03 секунди од второпласираната.
Една од фаворитките за највисок пласман, Американката Линдзи Вон не ја заврши трката.
Следниот сет медали на скијачкиот Мундијал ќе биде подолен утре за кога е закажан машкиот супервелеслалом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
