Прво сакал да ја убие со инсулин: Фармацевт со кеса си ја задавил сопругата и избегал со љубовникот
Фармацевт од Англија со кеса си ја задавил сопругата за ги земе парите од нејзиното животно осигурување и да избега со неговиот љубовник. Митеш Пател (37) од Мидлсбро обвинет е дека на 15 мај годинава ја задавил својата 34 годишна сопруга Џесика за да ги земе парите од нејзините полиси за животно осигурување.
Откако ја задавил со кеса, тој ги земал парите и избегал во Австралија со својот љубовник. Сопругот прво на суд се појавувал како сведок , се додека полицијата не утврдила дека на вратот на жената има гребаници и го идентификувала како осомничен.
Митеш и Џесика и двајцата фармацевти, имале аптека, но тој ја изневерувал сопругата со мажи кои ги запознавал преку телефонска апликација. Во истрагата било откриено дека уште пред пет години тој на интернет се пребарувал колку инсулин е потребно да се вбризга во телото за да предизвика смрт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници