Кошарка
15. јуни 2017 - 17:42

Првиот собир на јуниорската кошаркарска репрезентација

 
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години денеска го одржа првиот собир и официјално го започна подготвителниот период пред почетокот на континенталното првенство (дивизија Б) што ова лето, во периодот од 28 јули до 6 август ќе се одржува во Талин, Естонија.
 
- Задоволен сум како помина првиот собир. Имаме уште работа, треба да се фокусираме на некои финеси во одбраната и ’спејсинг’, но имаме време. Верувам дека се ќе биде како што треба да биде и достојно ќе се претставиме на Европското првенство, се првите импресии на селекторот на оваа репрезентација, Ѓорѓи Кочов.
 
На календарот на активности пред настапот на Европското првенство се неколку пријателски натпревари и тоа:
Словачка - Македонија (30 јуни)
Турција - Македонија (1 јули)
Турција - Македонија (2 јули)
Бугарија – Македонија (3 јули)
Бугарија – Македонија (4 јули)
Австрија – Македонија (8 јули)
Австрија – Македонија (9 јули).