Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции

Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, денеска на церемонијата на доделување чин на пилоти изјави дека воената кампања против Иран „не е завршена“ и предупреди дека ги очекуваат нови големи операции.
„На маса се нови планови. Сè уште има големи операции пред нас. Бидете подготвени“, рече Замир во краткото обраќање, објавува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека го напуштил својот однапред подготвен говор откако израелскиот претседател Исак Херцог, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Израел Кац веќе се обратиле на публиката.
„Вие поминавте обука за заробеништво, што ве подготви и за оваа церемонија“, се пошегува Замир со пилотите, алудирајќи на долгите говори на државните функционери.
Според однапред подготвен говор, од кој се откажал, Замир требало да каже дека стотици авиони на израелските воздухопловни сили биле во готовност за „итно полетување“ во претходните недели, додека армијата е во состојба на висока борбена готовност поради развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, наведува израелскиот портал.
„Дури и во овој момент, внимателно го следиме развојот на ситуацијата во Иран и Либан и сè уште сме во состојба на висока готовност и подготвени за евентуална акција“, се наведува во текстот на подготвениот говор на израелскиот генерал, што го пренесува порталот „Тајмс од Израел“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
