Првични резултати на ДИК

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356 (9,21%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 (9,26%), Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103 (0,90%).
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на последната прес-конференција синоќа пред полноќ истакна дека излезноста на гласачите според податоците од 3.156 избирачки места изнесува 49,75 отсто. На гласање излегле 810 971 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 789 031, а неважечки 21. 946 гласачки ливчиња.
Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
За да се избере претседател во првиот круг, потребно е еден од кандидатите да освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Имајќи предвид дека никој не го доби потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови - Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Вториот изборен круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентраните избори.
Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
