Први прогнози за зима 2019: Нѐ чека студен период со многу снег
Најновите анализи направени со помош на метеоролошкиот модел (ECMWF) Европски центар за среднорочна прогноза на времето кој е многу добар и често го анализираме времето со помош на овој метеоролошки модел укажува на тоа дека претстојната зима ќе биде нешто постудена што значи со нешто повеќе продори на студен воздух од север и од североистокот на евроспкиот континент, анализира Славчо Поповски.
Со нивното спуштање до нашите краишта поточно до Јадранското море и над Италија истите овие студени бранови со судир на нешто потоплите воздушни маси кој би се наоѓале над овие краишта би условиле формирање на циклонски системи кој би се движеле према Балканот и Македонија и истите би условувале почести врнежи од дожд и од снег.
Со оглед на тоа дека барем според моменатлните анализи дека очекуваме нешто почести студени воздушни маси да се спуштаат од север кон нашата територија очекуваме и нешто повеќе снежни врнежи за разлика од изминатите неколку години.
Сепак и покрај ова не се исклучува можноста повремено да имаме и влијание на антициклони (висок воздушен притисок) кој би условувал стабилно и суво време но во овој случај во зимскиот период и тоа како растат условите за појава на магла и на ниска облачност по котлините и по речните котлини низ државава.
Ние сме на такво место што директно од север и од североистокот на европа слободно може да пробие и екстремно студен воздух кој би условил и екстремно ниски температури на воздухо (до околу па и под -20 степени) како што беше случај пред две години каде во Берово се измерија температури дури и под -28 степени. Токму ова може да го очекуваме и има можност да се случи и во текот на претстојната зима.
Ново на Сител
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
