Фудбал
5. November 2017 - 9:29

Првенец на Андонова во дресот на Барса

Нашата најдобра фудбалерка, Нате Андонова од неодамна е во каталонската престолнина и по добрите игри конечно го постигна и својот гол првенец во шпанското првенство кога во пресметката со Хуелва печат на победата на Барселона против Уелва во меч од осмото коло.
 
Македонската репрезентативка беше прецизна во 74. минута и за неа тоа е прв погодок во дресот на лидерот во Шпанија, откако летово пристигна во Барселона од Пари Сен Жермен.
 
Барса славеше со 3:0 и со 7 победи и само едно реми е на врвот на табелата со 22 бода, колку што имаат и дамите од Атлетико Мадрид, но со полоша гол-разлика.