Бизнис
29. March 2018 - 8:24

Првата Македонска асоцијација за е-трговија ќе ги претстави програмата и мисијата за работа

Во ЕУ инфо центарот во Скопје денеска официјално ќе биде претставена првата Македонска асоцијација за е-трговија.

На настанот ќе бидат презентирани мисијата и програмата за работа на Асоцијацијата за годинава, како и најновите статистички податоци за е-трговијата во Македонија. 

Најавено е обраќање на претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, како и на регионалната директорка на Mastercard за Македонија и Бугарија, Вања Манова.

собрание е-трговија

Асоцијацијата го одржа основачкото собрание на 20 март. Во неа членуваат 24 правни лица, едно физичко лице и два почесни членови.