Фудбал
16. April 2022 - 19:52

Прва МФЛ: Лавовите се искачија на втората позиција

Фудбалерите на Шкупи славеа минимално на гостувањето во Битола против борбениот Пелистер  и остануваат на шампионскиот курс во прволигашката конкуренција. 
Стрелец на единствениот гол за гостите  беше Имери во 65-тата минута.
Македонија ЃП продолжува со победите во прволигашката конкуренција и со нови три бода скокна на втората позиција на табелата со бод повеќе од Шкендија која утре го игра натпреварот со Брегалница. 
Победата за лавовите ја обезбеди Емини уште во 12-тата минута од средбата.  

ПРВА МФЛ  28.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:0

(Емини 12.,/)

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2:0

(Ѓорѓевиќ 64.,Ѓорѓиев (п) 77./)

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:1

(/Имери 65./)

УТРЕ:

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ