-->
-->
Прва лига: Триумф на Вардар над Хоризонт Турново
-->

Лидерот Вардар извојува сигурна победа на свој терен против Турново, додека Работнички иако водеше до пред крајот, сепак не издржа на тешкото гостување кај Шкупи во 6.коло од Првата македонска фудбалска лига.
До третата победа стигна „новајлијата“ Младост Царев Двор, а Брегалница беше убедлива против Металург во дербито на екипите од долниот дел на табелата.
Резултати на четирите денешни натпревари од шестото прволигашко коло:
Вардар – Турново 5:1,
Младост ЦД – Силекс 3:1,
Шкупи – Работнички 1:1 и
Металург – Брегалница 0:3.
Утре играат Шкендија – Ренова со почеток во 16 часот на стадионот Чаир во Скопје.
Табела: Вардар 16 бодови, Шкендија 12, Силекс 10, Царев Двор 9, Шкупи 8, Работнички 7, Брегалница 6, Турново 5 Ренова 1, Металург 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
