-->
-->
Прва лига: Работнички се врати на врвот на табелата
-->
Со натпреварот меѓу Работнички и Струмица што се одигра синоќа во салата „Градски парк“ во Скопје беше комплетирано 9.коло од Првата кошаркарска лига.
Кошаркарите на Работнички ја остварија осмата победа и се вратија на првото место на табелата. Работнички славеше триумф со 104:64 (27:20; 26:15; 30:18 и 21:11). Најефикасни на натпреварот беа играчите на Работнички, Виктор Ефремовски и Андреј Маслинко со по 21 поени.
Резултати на другите дуели од 9.коло: Пелистер – Вардар 69:57, Охрид – Фени Индустри 62:83 и Кожув – Куманово 80:69.
Табела: Работнички 17 бодови, Фени Индустри 17, Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 13, Струмица 11, Охрид 11, Вардар 9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска