Фудбал
29. August 2015 - 7:37

Прва лига: Четири дуели од 5.коло

Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат четири натпревари од 5.коло. Лидерот Вардар ќе гостува кај штипска Брегалница, а дуелот ќе се игра во Кочани.

Хоризонт Турново е домаќин на Шкендија во дербито на колото, а Ренова во Гостивар ќе го пречека тимот на Шкупи.
На стадионот „Борис Трајковски“ Металург е домаќин на Младост ЦД.
Почетокот на сите дуели е во 16:30 часот.
Последниот натпревар се игра утре меѓу Работнички и Силкес на стадионот во Ѓорче Петров.