Прв закон за реорганизација на управата
Реорганизација на Владата и менување на бројот на министерства ќе биде првиот закон кој ќе биде ставен пред пратениците, вели новиот собраниски спикер, Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа, кое ќе се емитува викендов.
Според него, меѓу законските решенија кои треба да имаат приоритет е и Закон со кој ќе се спречат дополнителни избори за градоначалници во оние општини чии градоначлници ќе се решат да влезат во извршната власт.
„Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере сочетиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно“, вели Гаши за РСЕ.
До сега, се калкулира со имињата на Муцунски и Таравари кои би можеле да станат министри во новата Влада додека Беџети веќе ја напушти функцијата во Сарај откако му бше верификуван пратеничкиот мандат.
Во ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да коментираат на оваа тема. Извори од партијата за РСЕ велат дека прашањето треба да се отвори по формирањето на Владата.
Ново на Сител
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега