Македонија
12. August 2015 - 17:05

Прв уписен рок на штипскиот универзитет

Стартуваа уписите на идните студенти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Согласно објавениот конкурс има 5390 слободни места на 12-те факултети и трите академии во склоп на УГД. По поднесувањето на документите, се врши континуирано рангирање на потенцијалните студенти.

Во период од 2 до 3 часа од моментот на поднесување, веќе можат он лајн да си ја следат листата, односно да си го најдат своето место на листата при рангирањето-изјави проф. др. Емилија Јаневиќ-Ивановска , проектор на УГД

Официјалните рангирања ќе се направат по завршување на првиот уписен рок, односно по завршувањето на приемните испити на ликовната, музичката и филмската академија. Најголем интерес како и досега има за медицинскиот факултет, но изненадува се поголемета заинтерсираност за тешничките факултети, што оди во прилог на стопанскиот развој на земјава.

Стопанството си бара квалитетни инжинери. Тие почнуваат да го препознаваат интересот на стопанството. Лани машинскиот и електро факултетот изненадија и мислам дека и оваа година тие факултети ќе бидат исто мета на потенцијалните студенти- додаде Јаневиќ - Ивановска

Новина е и тоа што после 2 години пауза, повторно има слободни места на факултетот за образовни науки.