Прв состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска во „Европска Куќа“ го организира првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА), кој има за цел да поттикне инклузивен и транспарентен дијалог за спроведувањето на реформските процеси во државава.
Состанокот е организиран во соработка со Министерството за европски прашања (МЕП), а воведни обраќања ќе имаат Орхан Муртезани, министер за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ и Бен Нупнау, заменик-шеф на мисија во Делегацијата на ЕУ.
По јавната сесија, партнерите ќе одржат затворен состанок за следните чекори во реализацијата на реформските процеси.
Националниот консултативен механизам е дел од тригодишниот регионален проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, кој го води ЕПИ во партнерство со мрежата „Мисли за Европа“ и е финансиран од Европската Унија.
Ново на Сител
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
