Прв позитивен случај на коронавирус во Пехчево

Прв позитивен случај на коронавирус во Пехчево. Станува збор за лице вработено како возач во Итната медицинска помош во Пехчево кое по соопштувањето на резултатите се наоѓа во домашна самоизолација. Првиот позитивен случај на КОВИД-19 доцна синоќа го потврди и градоначалникот Драган Тренчовски кој упати смирувачки тонови до граѓаните велејки да не се шири паника помеѓу граѓаните.
– Чувствувам потреба како градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да ве повикам на смирено и разумно однесување. Оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски. Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин, напиша Тренчовски на Фејсбук.
Со своја изјава на Фејсбук излезе и лицето кое е позитивно на коронавирус.
– Во последните 20 дена знам дека мојата релација на движење била Здравствен дом Пехчево – дома и клиниките во Скопје каде како должност и работа носевме пациенти на кои им требаше вистинска помош и никаде на друго место. Тоа значи дека вирусот е добиен од некои од пациентите сместени на некоја од клиниките каде ги сместував нашите пациенти, напиша тој на Фејсбук.
Тој ги повикува сите оние кои имаат симптоми или најмала сомнеж да се тестираат и да бидат внимателни за да се заштитат себе си и да спасат многу животи.
До денеска, Пехчево заедно со Берово и Делчево се вбројуваше во општините кои се без случаи на коронавирис.
Ново на Сител
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
