-->
-->
Прв пораз на Вардар во СЕХА лигата
-->
Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во регионалната СЕХА лига.
На дуелот одигран попладнево во Вараждин, македонскиот шампион Вардар е совладан од хрватскиот првак ППД Загреб со 28-26 полувреме 16-11.
За вардарци ова е прв неуспех во регионалното натпреварување во кое досега имаа единаесет победи и два нерешени резултати. Ова воедно беше и втор пораз на Вардар од Загреб, по неуспехот во првата меѓусебна пресметка во Лигата на шампионите.
Следен противник на Вардар е белорускиот тим Мешков Брест против кој црвено-црните ќе играат на гостински терен веќе во сабота (17 декември).
Во четврток, македонскиот вицепрвак Металург гостува во Словенија кај екипата на Цеље.
И покрај поразот вардарци остануваат убедливо на првото место на табелата со 35 бодови, дури седум повеќе од вечерашниот противник ППД Загреб кој се проби на втората позиција, пред Мешков Брест кој има 23 и Веспрем кој досега собра 23 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена