Прв несреќен случај при градежни работи во источниот регион
Во кочанското село Пантелеј вчера, при изведување градежни работи, загина 61-годишниот Л.Г од Кочани. Ова е прв несреќен случај годинава во источниот регион.
Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панајотова изјави дека случајот во Полициската станица е пријавен вчера во 14.30 часот, а починатиот не бил ангажиран од градежна фирма.
-Л.Г. при изведување градежни работи на викендичка, паднал од кровната конструкција, при што починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, информира Панајотова.
Во текот на вчерашниот ден во близина на населбата Оризари,на местото викано „Веселинов рид“ регистритран е и пожар. Зафатена била викендичка во сопственост на 67-годишниот С.М. од Оризари. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Кочани.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија