Прв лет од бриселскиот аеродром Завентен по нападот на 22 март

После самоубиствените напади од 22 март, денеска од бриселскиот аеродром Завентен полета првиот авион, а крајно одредиште на леталото на компанијата „Браселс ерлајнс“ беше португалскиот град Фаро, јавија локалните медиуми.
Извршниот директор на компанијата „Браселс ерпорт“, Арно Феист, изјави дека денеска закажаните три лета „се показател на надежта“ дека аеродромот наскоро може да биде барем делумно отворен за патнички сообраќај по „најмрачните денови во историјата на белгиското воздухопловство“, пренесоа американските медиуми.
Аеродромот во белгиската престолнина беше затворен откако во бомбашките напади на ова воздушно пристаниште и бриселското метро, на 22 март, погинаа 32 лица, додека 270 беа повредени.
Одоговорноста за овие напади ја презеде Исламска држава.
Мерките за безбедност на аеродромот се значително зголемени, а воведена е и целосно нова процедура на чекирање на патниците.
За денеска уште се закажани и два лета на компанијата „Браселс ерлајнс“ за Атина и Торино.
Ново на Сител
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
-

Зеленски: Тешка ситуацијата во Украина
-

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
