„Прв до врв“ на Водно
Под мотото “сите на Водно”, денеска ќе се одржи планинарската манифестација „Прв до врв 2016“.
Оваа година во програмата има трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и олимписки пикник на целта кај врвот, каде ќе се одржи музички еко фестивал.
Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.
На врвот од 11 часот ќе започне еко музичкиот фестивал каде ќе настапат групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ. Во 13 часот ќе се одржи церемонијата на прогласување победници, а настанот ќе трае до 16 часот.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Градот Скопје и со поддршка на деловната заедница.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот