-->
-->
Прскање против комарци во Кочани
-->

Согласно програмата за јавно здравје на населението во општина Кочани, вечер во перидот од 20 до 03 часот наутро, на подрачјето на општината ќе се изврши првото теристичко дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Третирањето ќе го извршат стручни екипи од Центарот за јавно здравје Битола.
- Во оваа прва фаза со дезинсекцијата ќе биде опфатена површина од 300 хектари на локациите од градското подрачје на градот Кочани, како и во населените места Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изврши со препарат определен од Центарот за јавно здравје Битола, изјави Гоце Серафимов, соработник за животна средина во општина Кочани.
Општина Кочани во наредните два месеца според програмата планира да изврши третирање на комарците од земја и воздух. Ќе бидат опфатени површини од 1300 ха со третирање од земја и површина од 3500 ха третирана со авионско прскање. Финансиките средства потребни за дезинсекциското третирање за заштита од комарците ги обезбеди општина Кочани од сопствениот буџет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
