-->
-->
Проверете дали вашиот мозок е преоптоварен: Брз тест од 3 прашања ја открива состојбата!
-->

На блогот на познатиот автор Пауло Коелјо се појави годишен тест за утврдување на рани знаци на деменција, од само три прашања. Бидете искрени, опуштете се и почнете, а можеби и малку ќе се насмеете заради овој тест...
Решете го и дознајте во каква состојба е вашиот мозок! Немојте да читате однапред, одговорете едно, па поминете на друго прашање.
1. Што ставате во тостер?

Ако одговорите со „тост“, немојте да продолжувате со тестот, направете нешто друго... И пазете да не се повредите. Ако вашиот одговор е „леб“, поминете на второто прашање.
2.На англиски јазик, „свила“ се вели „silk“.

Кажете го овој збор пет пати. Откако ќе го направите тоа, спелувајте го зборот ( ес-ај-ел-кеј). Како се вели на англиски зборот за она што го пијат кравите?
Кравите пијат вода. Тие ни даваат млеко, но пијат вода. Доколку вашиот одговор е „млеко“, вие сте под голем стрес, продолжете со тестот подоцна. Ако одговоривте „вода“ продолжете.
3. Без калкулатор, одговорете на следното прашање...

Возите автобус од Лондон до Милфор Хевн во Велс. 17 луѓе влегуваат во автобусот во Лондон.
Во Ридинг шест излегуваат, а девет влегуваат.
Во Свиндон, двајца се симнале, а четворица влегле.
Во Кардиф, 11 се симнале, а 16 влегле.
Во Свензија, тројца се симнале, а петорица влегле во автобусот.
Во Кармартен, 6 луѓе се симнале, а тројца влегле во автобусот.
Пристигнувате во Милфорд Хевн.
Не гледајте надолу и одговорете, колку години има возачот на автобусот?
Доколку не го знаете одговорот...Вие сте возачот!
Речиси 95 проценти од луѓето немаат точни одговори на повеќе од прашањата од овој тест. Секако, кога ќе ги тестирате вашите пријатели, надевајте се дека ќе поминат потешко од вас. Среќно!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче