Loading Video...
Свет
24. March 2023 - 16:28

Протестите во Франција стануваат се понасилни

Протестите во Франција  стануваат се понасилни. Вчерашните собири завршија со 440 повредени полицајци и над 450 уaпсени демонстранти. Во Бордо беше запалена општинската зграда, а во престолнината  Париз маскирани демонстранти кршеа излози и демолираа уличен мебел.  

Слично беше и во градот Нант. Според синдикатите, 3,5 милиони луѓе излегле низ целата земјата додека властите велат бројката е многу помала, нешто под 1,1 милион. 

Франција со денови е на нозе поради пензинската реформа со која се зголемува старосната граница за пензионирање, од која претседателот Макрон порача дека нема да  се откаже и ќе биде спроведена до крајот на годината. 

Револтот кај французите дополнително се зголеми откако спорната реформа беше усвоена без гласање во парламентот по употребата на посебен член 49,3 од уставот  што го дозволува тоа, но и скапиот рачен  часовникот кој Макрон го криеше за време на  телевизкото интеврју пред два дена посветено на  пензинскиот систем. Неговата вредност се проценува на 80.000 евра. 

Нередите и најавите за нови протести го принудија Макрон да побара од британскиот крал Чарлс Трети кој прифати да ја одложи посетата на Франција, која беше закажана за в недела. Протести во знак на солиданрост со фрацнуските работници вчера се оддржаа во Атина.