Протести во Шангај поради ограничувањата за Ковид-19
– Во Шангај денеска избувнаа протести поради заклучувањето како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, нагласуваат очевидци во изјави за западни медиуми, додека во Кина расте гневот против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години. Во видео на интернет, а кое според агенцијата Франс прес е снимено на улица во центарот на Шангај, стотици демонстранти извикуваат „Си Џинпинг оставка“ и ја осудуваат Кинеската Комунистичка партија, пренесе Бета.
Друго видео покажува луѓе кои се собираат во центарот на Шангај за да им оддадат почит на десет лица загинати во пожар во Урумчи во западниот регион Синџијанг. Во бројни извештаи на социјалните мрежи во Кина, се укажува дека настаните биле влошени од мерките против Ковид бидејќи тие го забавиле пристигнувањето на помошта.
Според други објави на социјалните мрежи, бдеење во спомен на загинатите во Урумчи биле организирани на неколку универзитети во државата. Полицијата привела од непознати причини најмалку две лица, додаде сведокот за Франс прес, пренесе Бета.
Властите ја ограничија онлајн дискусијата за демонстрациите.
Ново на Сител
-
Јавно обвинителство во Бугарија поведе предистрага поради закани по животот кон Пендиков
-
ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија
-
Средба на министерката Петровска со српскиот министер за одбрана Вучевиќ
-
Путин ги обвини „неонацистите во Украина“ за злосторства против цивили
-
Расчистена разбојничка кражба во Скопје, сторителот го признал делото
-
Царинска управа: Запленети половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади парчиња електронски цигари
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба „Национални шуми“ оштетени со 769.300 денари
-
Министерот Тупанчески оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал