Протести во Бугарија поради недостиг на вода
Жители на бугарскиот град Перник денеска протестираа пред седиштето на Владата во Софија поради повеќемесечниот недостиг на вода, барајќи итни мерки за решавање на проблемот, што тие го опишаа како можна хуманитарна криза.
Демонстрантите се сомневаат дека зад недостигот на вода во индустрискиот град стојат подмитување и некомпетентност и предупредија дека резервоарот кај браната Студен, единствениот градски извор, ќе биде испразнет за две недели, јави БГНЕС.
Кризата со водоснабдување во Перник, град на 30 километри западно од Софија, почна во ноември кога локалните власти воведоа рационална употреба на вода заради недостиг на резерви од браната во близина.
На почетокот на јануари, бугарскиот министер за животна средина поднесе оставка, откако беше обвинет за намерно лошо управување со снабдувањето со вода во градот.
Учесниците на протестот носеа жолти елеци, а организаторите најавија нови протести во понеделник пред регионалното Министерство за развој, јави бугарската БТА.
Протестите ги поддржаа и жителите на Бобов Дол кои имаат уште еден проблем – загадување на воздухот и кои веруваат дека загадувањето е резултат на согорување на отпад во локална термоцентрала.
По иницијатива на Бугарската социјалистичка партија (БСП), а поради кризата со вода и аерозагадувањето, бугарскиот Парламент в среда ќе гласа за недоверба на Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Ново на Сител
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата
-
ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со слаб северен ветер
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата