Протестен марш во Неготино

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Неготино. Пред присутните се обрати дефектологот Фросина Михајловска, која нагласи дека ја сакаат Македонија демократска, суверена, унитарна, а не двојазична.
- Ме радува тоа што народот е се погласен и погласен, па така мора да се најде начин да се смири ова да го наречам бунтување кое го создаваат. Од ова место секогаш се раѓале луѓе со револуционерни идеи па затоа порачувам да не ја прифаќаме тиранската платформа и сите заедно да се залагаме за зачувување на унитарноста на Република Македонија, рече Михајловска.
Нагласи дека нема да се дозволи да се избере претседател на Собранието кој нема да се откаже од тиранската платформа и нејзината суштина. Јазикот во нашата Македонија, како што рече, е еден и единствен, македонски и таков треба да остане на територијата на цела Македонија.
- Никој овде не се срами што е Македонец, со ова знаме, што ја пее македонската химна. Сите сме горди и гордо ги менуваме работите. Заради крвавите судбини на нашите предци, застанете гордо еден до друг и не дозволувајте некој друг да ни ја гради судбината на нашата единствена татковина, потенцира Михајловска.
Ново на Сител
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
