-->
-->
Протестен марш на земјоделците од Струмичко
-->

Земјоделци од струмичкиот регион денеска на десетина трактори одржаа протестен марш од Василево до Струмица во знак на поддршка на, како што рекоа, унитарноста на Македонија и зачувување на нејзините темели.
Велат дека се одѕвале на поканата на земјоделските здруженија да застанат на браникот на татковината.
Според земјоделците - учесници на протестот, некој ја држи државата во заложништво и не дозволува да функционираат институциите. Нашите предци, како што нгасија, ја сакале оваа држава и се бореле за нејзината самостојност, а сега некој сака да ја продаде.
За попладнево во Струмица е најавен уште еден протест, на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
