-->
-->
Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес утре во 13 часот
-->
Насекаде околу нас ни се случува црнила. Граѓаните се зацрнети и се оди против нивната волја. Судството е заробено од страна на Зоран Заев и за жал, Зоран Заев е единствениот судија во државава. Кого сака го тужи, кого сака го суди. Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум. Целото подземје си ги наплаќа фактурите од Владата на СДСМ и управува со улиците, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Аросвски.-Ни се зацрнија цели фамилии благодарение на криминалците кој што се блиски до СДСМ. Уште колку деца и невини граѓани треба да загинат за конечно оваа Влада да се освести дека треба да работи за граѓаните, а не да работи за мафијата. Корупцијата е на ниво на кое што никогаш не била. Се прислушуваат обвинители и судии и никој не се обидува ниту да сноси одговорност, ниту да даде оставка. Но, еден ден ќе мора да сноси одговорност и да одговара тој што е нарачател на ова прислушување, рече Арсовски и додаде:
„Економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ. Ни се случува масовен потоп во економијата. Реализацијата на капитални инвестиции до сега е само 1/3. Даноци се покачуваат, граѓаните осиромашуваат. Затоа, заради сите овие причини и уште безброј други, Ве повикуваме да ни се придружите утре на протестниот марш, во недела, во Велес, збирно место на паркингот кај гимназијата во 13 часот, маршираме низ центарот заедно се до платото пред Судот“.
Да ставиме крај, потенцираше тој, на ова лудило и да ставиме крај на оваа црнила.
-Ве повикуваме сите, секој оној кој што е револтиран за било што од оваа Владаа такви ги има многу, се повеќе и повеќе да протестираме заедно се до конечно паѓање на оваа ненародна и криминална власт на СДСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
