Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Кавадарци
Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци, а граѓаните порачаа дека се против т.н. тиранска платформа и се за зачувување на унитарноста на Република Македонија.
- Од градскиот плоштад во Кавадарци повторно упатуваме порака дека ништо нема да не скрши и дека мирно ќе протестираме се додека не го слушнат гласот на народот. Ова се моменти кога Македонија повикува да ја одбраниме. Ова е четврти Илинден. Зарем во 21 век да се потклекне на некаква тиранска платформа?, нагласи историчарката Светлана Јосифова.
Таа потенцира дека доста е од неправди и укажувајќи оти народот дава мандат и народот го одзема.
Јосифова повика на сплотеност, заедништво, откажување од туѓата платформа, нови избори заедно со локалните и обединување на македонскиот народ, каде и да е.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка