Протест „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка
Никогаш нема да ги заборавиме борците од Народослободителната борба, ниту бранителите од 2001 година, а тие не беа ниту нивни ниту наши синови-тие беа синови на Македонија кои застанаа цврсто на бедемот за одбрана на татковината. Затоа нема да дозволиме некој да ни ја дели или продава државата, рече на вечерасниот марш „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка Едита Поцева, од Организација на жени Крива Паланка.
И вечерашниот мирен протест за поддршка на унитарна Македонија граѓаните маршираа од населба Единство, преку центарот на градот до плоштадот Карпошово Востание пред зградата на локалната самоуправа.
Од собирот Паланчани по седми пат порачаа не за двојазичност, да за зачувување на уставот и државноста на Македонија.
- Македонија низ историјата имала бројни непријатели, но најмногу страдала од внатрешните непријатели, а така е и денес. Ни го сменија името во ФИРОМ, сега сакаат да ни го сменат знамето. Велат ќе влезат во Собранието, да, велам, но само ако народот кој стои пред нив го дозволи тоа, порача Поцева.
Протестот на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија заврши мирно, а за утре е закажан нов мирен марш.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци